Загрижени родители: Што со децата што ќе бидат испишани од градинките во Карпош?

од Берта Китинска

Родителите чии деца се запишани во градинките во Карпош, а според адреса на живеење се од други општини, и до 10 јуни мора да бидат отпишани, информираат дека добиле инструкции како сами да ги испишат децата.

-Би сакале повторно преку вас да побараме од сите инволвирани страни да излезат и дадат предлог решение, зашто она што го видовме изминатите денови беше нафрлање на други проблеми што ги има секоја општина со цел да се одвлече вниманието на реалниот проблем, а тоа е безпрекулозното испишување на децата од градинките.Денес еве добивме и инструкции како сами да ги испишеме децата, пишува во реакцијата на родителите.

Тие велат дека ќе ги подмират финансите што ги должат, но доброволно нема да ја пополнта документацијан.

-Ова се прави кога две страни договорно се одлучуваат за раскин на договор, во овој случај едната страна носи одлука.МТСП изминатите денови изјави дека не е педагошка мерката и воедно предупреди на кршење права и обврски согласно потпишаните договори, па би сакале да ја искористиме приликава и ги прашаме што планираат да превземат во врска со тоа, зашто очигледно планот на општината е да го направи токму тоа. Предупредување не значи решавање на проблем, европски е да сите инволвирани страни седнат и продискутираат за проблемот и се договорат како понатаму, волја за тоа мора да има бидејќи се работи за иднина на преку 200 деца и нивните семејства, информираат родителите.

Слични содржини