Загрозено најзначајното подводно археолошко наоѓалиште во светот

од desk2
119 прегледи

Загадувањето ја загрозува пештерата Сак Актун на полуостровот Јукатан, подземен комплекс кој многу мексикански експерти го карактеризираат како едно од најважните и најзначајните подводни археолошки наоѓалишта во светот.

Археологот Гилермо де Анда предупредува дека загадувањето и развојот на околината го загрозуваат овој локалитет.

„Сак Актун веројатно е најзначајното подводно археолошко наоѓалиште на светот“, смета Де Анда.

Туристите денеска влегуваат под вода при влез во пештерата, а еден од главните патишта во регионот поминува токму над делови од овој подводен археолошки комплекс.

Степенот на киселост во пештерата е доста висок, а се претпоставува дека тоа е последица на околните депонии на отворено.

Многу пештери во областа Јукатан некогаш се наоѓале над нивото на морето.

Во нив биле пронајдени и докази околу раното присуство на луѓе, како и остатоци од мајанската култура.