Захарова ги критикуваше ОН за неуспехот да се постигне договор за житото

од Vladimir Zorba

Раководството на Обединетите нации не успеа да гарантира спроведување на делот од договорот за жито поврзан со извозот на руски земјоделски производи, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„За жал, мислам дека би било коректно да се каже дека Обединетите нации, нивниот генерален секретар и Секретаријатот не успеаја во својата посредничка мисија или мисија да го гарантираат спроведувањето на овој пакет договор“, рече таа во интервју за ТВ каналот „Соловјов во живо“.

Според Захарова, Обединетите нации не исполниле ниту едно од ветувањата дадени на руската страна, откако „убавата и коректна“ реторика што ја користеле била само „празни зборови“.

Слични содржини