Захарова ги спореди нападите со дронови врз Москва со нападите врз САД на 11 септември

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска ги спореди нападите со украински беспилотни летала врз Москва со терористичките напади на Њујорк во 2001 година.

„Терористичките методи што ги користеше режимот во Киев во нападите на градот Москва може да се споредат со терористичките напади на Њујорк на 11 септември 2001 година“, изјави Захарова за ТВ Русија-1, пренесува ТАСС.

Таа оцени дека методологијата на тие напади е иста и објасни дека комплексот Москва Сити е цивилен објект, кој содржи не само деловен центар, туку и голем број станови, како и административни цивилни згради, кои немаат никаква врска со војската.

Слични содржини