Захарова ја исмеа Бербок: „Дали Русија влегува во ЕУ?“

од Stefanija Kuzmanovska

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Европската унија наскоро ќе се протега „од Лисабон до Луганск“. Во врска со ова се огласи портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која праша дали Русија влегува во ЕУ.

„Иднината на Украина е во Европската унија, во нашата заедница на слобода. И таа наскоро ќе се протега од Лисабон до Луганск“, рече Бербок, кој пристигна во Киев на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

На ова уследи реакција на портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Или ние ќе влеземе во Европската унија или таа заборави да додаде дека е неопходно да се направи пресврт од 360 степени“, напиша Захарова на Телеграм, алудирајќи на изјавата на Бербок од февруари оваа година кога рече дека верува оти Москва може да се сврти „360 степени“ и го израдува целиот свет.

Слични содржини