Захарова: Русија ја повикува Јапонија да не го дестабилизира азиско-пацифичкиот регион

од Stefanija Kuzmanovska

Москва го повикува Токио да се воздржи од какви било воени подготовки кои би можеле да ја загрозат безбедноста и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион АПАК, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа рече дека на 11 август се одбележуваат 85 години од крајот на вооружениот конфликт со милитаристичка Јапонија кај езерото Хасан, пренесе ТАСС.

Според неа, оваа провокација покажала дека агресивните планови на јапонската армија против Советскиот Сојуз биле целосно јасни.

Слични содржини