Захарова: Северен тек е саботиран на место контролирано од американското разузнавање

од Stefanija Kuzmanovska

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека пукнатините на гасоводот Северен тек, поради кои гасот истекува на бреговите на Данска и Шведска, се појавиле во област која е „целосно под контрола“ на американските разузнавачки агенции.

Се огласи и портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова, која за прорежимска ТВ програма изјави дека „Вашингтон има целосна контрола“ врз водите околу Данска и Шведска, каде се воочени четири места од каде истекува гас од Северен тек 1 и Северен тек 2 во Балтичкото Море меѓу Русија и Германија.

– Ова се случи во трговските и економските зони на Данска и Шведска, рече Захарова во четвртокот во интервју за каналот Соловјев Лајв.

– Тоа се земји кои се целосно под контрола на американските разузнавачки служби, додаде таа.

Слични содржини