Захарова: Со Вашингтон само неопходен, целен дијалог

од Stefanija Kuzmanovska

Русија и САД продолжуваат со целни контакти во оние сфери каде што е најнеопходно, а Москва останува отворена за заемно корисен дијалог, изјави денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Ќе го кажам она што отсекогаш го зборувавме, дека одржуваме, ајде да го наречеме, целен контакт со САД за прашањата кои се појавуваат. Отворени сме за секаков вид заемно корисни разговори“, изјави Захарова во ТВ-емисијата „Соловјов во живо“, пренесува ТАСС.

Захарова нагласи дека, со оглед на тоа што контактите на руските и американските служби остануваат селективни, „тие секако немаат никаква врска со концептот на целосни односи“.

Слични содржини