Либерално Демократската Партија (ЛДП) не ја поддржува идејата за широка коалиција, промовирана од пратеникот и лидер на Демократски Сојуз, Павле Трајанов.
– ЛДП не ја поддржува идејата за широка коалиција. Нормално во секоја европска земја е опозицијата да е конструктивен коректив на Владата. Важно е власта и опозицијата да соработуваат кога станува збор за важни државни одлуки. Во опозиционите партии има доста вредни и квалитетни луѓе чии идеи и акумулирано знаење е важно да се вгради во финалните државни одлуки. Во време на енергетската и економска криза е особено важно да сме обедините сите политички чинители и да работиме на тоа граѓаните и стопанството да ги надминат истите многу полесно. Владата функционира стабилно и одговара на предизвиците. Мнозинството во Парламентот е стабилно, изјави за „Локално“, Моника Зајкова – пратеничката од ЛДП.
Оттука, додава таа, не гледаме потреба зашто би се формирала широка коалиција.
– Наместо градење на широки коалиции сега е момент кога сите во рамки на своите надлежности и позиции треба да работиме и иницираме решенија за доброто на граѓаните и државата, нагласи таа.
Д.Ј.