Заклучен Избирачкиот список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани

од Берта Китинска
271 прегледи

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

-По спроведените промени кои произлегоа од претходните дејствија и обработка на податоците добиени од страна на институциите, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список со следнава состојба: вкупен број на гласачи запишани во ИС се милион 814 илјади и 263 гласачи. Од нив во изводите од ИС се запишани милион 729 илјади и 189 гласачи. Во посебниот извид избирачки список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 83.054 гласачи, во посебниот извод на ИС кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1.657 гласачи, во страрските домови се запишани 357 и шест гласачи се внатрешно раселени лица, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК.

Членот на ДИК Борис Кондарко истакна дека Комисијата успеале четири дена порано, пред законскиот рок да ги заврши сите дејствија поврзани со Избирачкиот список односно обработка и целосно ажурирање на ИС за овие избори, заедно со Државниот завод за статистика.

– Покажавме како ДИК и се потврди согасно законот дека може за неполни осум – девет дена да се завршат сите овие дејстија во врска со доажурирањето на ИС, а не за многу повеќе денови како што се споменуваше во јавноста 45-50 итн. Со ова појаснувам дека согласно Уредбата од Владата од 21 март, нашиот заклучок од 22 март, решението на претседателот на Собранието, сите изборни дејствија што беа спроведени пред прекинот поради Ковидот кризата на 21 март беа важечки односно ние продолживме како ДИК да ги спроведуваме сите преостанати дејствија, изјави Кондарко.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека од 15 јуни до 1 јули има 16 дена, а не осум или девет дена и тоа поради тоа што се затворени одредени дејствија кои дефинирани во нормална постапка би требало да се спроведат Увидот во избирачкиот список, којшто за жал не се спроведе. – По мое мислење требаше да се спроведе, рече Деркоски.

Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, сите лице кои од февруари побарале промена на лична карта или патна исправа а ги подигнале личните документи заклучно со стапувањето на сила на последната Уредба на 15.06, како и нашите државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на избори ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош.

Јанакие Витановски, член на ДИК истакна дека на денот на гласање еден милион 814 илјади и 263 гласачи ќе бидат полнолетни ќе можат да го остварат правото на глас со лична карта или пасош. Во однос на изборните единици просечниот број на запишани гласачи е 302.377 запишани избирачи. Најмногу гласачи има во Куманово има 93.603 избирачи, Битола со 81.607 избирачи, скопски Аеродром 66.525 избирачи, Бутел 33. 278 и.т.н. Општини со најмалку гласачи се Вевчани со 2062, Конче 2724, а најмала е Лозово е 1.997 гласачи.

Витановски ги повика гласачите да се изјаснат на изборите апелирајќи за почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ. Позитивните на Ковид-19 тоа треба да го направат со полномошник.

На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод има 11 такви избираки места, во Пробиштип седум, во Прилеп 13 и други.

ДИК го утврди и изгледот на гласачкото ливче на македонски јазик но овој дел од седницата беше затворен за јавноста.

Слични содржини