Пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност не гласаа за Предлог на законот за измени и дополнувања на Законот за државјанство, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, бидејќи нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 600 амандмани за текстот, кои се дадени на превод.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативе ќе го блокираат секој закон што ќе дојде во Собрание, без разлика за каков закон и да станува збор.
Ова денеска од собранискиот прес-центар го изјавија претседателите на партиите, Зијадин Села и Африм Гаши.
– Ова блокирање што го прават поличките актери можам да го опишам само како злобност. Од овој момент најавуваме дека секој закон што ќе дојде во Парламент, без разлиика за каков закон и да станува збор, ние ќе се однесуваме исто со илјадници амандмани додека не се отстрануваат амандманите што го блокираат законот што се однесуваат на тоа да се биде човек – Законот за државјанство, рече Зијадин Села.