Заменичката на Јанева во СЈО денеска ќе сведочи во „Рекет“

од Aleksandar Todeski
394 прегледи

Обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка на екс Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева денеска ќе сведочи во случајот „Рекет“.

Фото: Борче Поповски

Јосифовска, која како сведок во случајот беше повикана на распит пред нејзината колешка Вилма Русковска утрово ќе сведочи за третманот кој Катица Јанева го имала кон случајот „Империја“, во кој меѓу обвинетите е и сведокот во „Рекет“, Орце Камчев.

До сега освен Камчев, сведочеа и неговата сопруга, Ана Камчева, но и друи бизнисмени. Пред судијата за она што го виделе сведочеа и поранешен новинар во сега веќе згаснатата 1ТВ, но и куќната помошничка на првообвинетиот, Боки 13.

Во случајот првообвинет е Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој се товари по две дела, перење пари и примање награда за противзаконито влијание. Второобвинетата Катица Јанева пак, е обвинета по делото злоупотреба на службената должност и овластување, додека пак третообвинетиот кој на првото рочиште призна вина, Зоран Милевски – Кичеец, беше обвинет за делото примање награда за противзаконито влијание.

Обинителството за гонење на организиран криминал и корупција случајот го отвори на 2. мај, а веќе на 15 јули минатата година беа уапсени првообвинетиот Бојан Јовановски и третообвинетиот Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште призна вина и доби тригодишна затворска казна. Еден месец подоцна, на 21 август беше уапсена и екс Специјалната обвинитилека, Катица Јанева.

А.Т.

Слични содржини