Заменик МНР на Чешка: Вратите на ЕУ ќе бидат отворени доколку ја остраните блокадата во Собранието за уставните измени

од Vladimir Zorba

На вистинскиот пат сте. Сега е време да ги донесете уставните измени и да ја отворите вратата на вашето членство во ЕУ. Европската Унија е свесна за важноста на Западниот Балкан и за неопходноста да се продолжат евроинтеграциите, рече денеска на прес-конференција во Скопје, заменик министерот за надворешни работи на Чешка, Мартин Кошатка.

Тој посочи дека вратите на ЕУ ќе бидат отворени доколку нашата држава ја отстрани блокадата со уставните измени во Собранието. Кошатка додаде дека за процесот на евроинтеграциите разговарале и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната средба, при што тој посочил дека целта е да почнат преговорите за влез во ЕУ на Северна Македонија и Албанија и дека Чешка би сакала двете држави да бидат заедно во целиот процес.

Кошатка потсети на неодамнешната посета на евроамбасадорот Дејвид Гир на Брисел, каде тој разговарал со земјите членки за резултатите на Северна Македонија во поглед на реформите, како и за резултатите од скрининг процесот.

– Евроамбасадорот Дејвид Гир неодамна беше во Брисел и разговараше со земјите членки. Како што слушнав, неговите ставови се позитивни. Вие сте на вистински пат. Доколку успеете да ги донесете уставните измени, ќе ги отворите вратата на вашето членство во ЕУ. ЕУ е свесна за важноста на Западен Балкан, како и за неопходноста да се продолжат интеграциите, рече Кошатка на прес-конференцијата.

Тој додаде дека со Маричиќ разговарале и за ситуацијата во регионот, при што двајцата се согласиле дека состојбата во ЕУ е сменета со руската ингресија врз Украина.

Слични содржини