Западен Балкан н агендата на Меркел и Бајден

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот разговараа и за Западен Балкан.

„Разговаравме и за важноста за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во европските институции“, рече Бајден на заедничката прес-конференција, објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Тој додаде дека разговарале и за поддршката за суверенитетот на Украина, како и за одбраната на американските сојузници на источното крило на НАТО од, како што рече, руската агресија.

Бајден и Меркел не успеаја да го решат несогласувањето околу рускиот гасовод „Северен тек 2“, но се согласија дека на Москва не смее да и се дозволи да го користи изворот на енергија како оружје за притисок врз соседите.

Бајден исто така истакна дека Германија и Соединетите држави нема да отстапат од демократските принципи и универзалните човекови права, наспроти, како што тврди тој, потезите преземени од Кина.

Слични содржини