Западен Холивуд „за“ отстранување на ѕвездата на Трамп од Патеката на славните

од desk4
72 прегледи

  Градскиот совет на западен Холивуд едногласно усвои Резолуција со која ѕвездата на претседателот на САД, Доналд Трамп ќе биде отстранета од холивудската Патека на славните. Таквата постапка е поради неговото „вознемирувачко однесување кон жени и други постапки“.

Сепак, тешко дека Резолуцијата ќе ги донесе очекуваните резултати, бидејќи Патеката на славните се наоѓа во соседен Лос Анџелес и е под надлежност на холивудската Стопанска комора.

Претседателот на Комората Лерон Габлер изјави дека тоа тело никогаш не отстранило ниту една ѕвезда, бидејќи секоја се смета за дел од историјата на Патеката на славните.

Западен Холивуд е одлучно настроен против Трамп. Минатата пролет градоначалникот Џон Дјуран ги предаде клучевите од тој град на порно актерката која го тужеше Трамп поради договор за доверливост за кој тврди дека го склучиле.

Во минатиот месец ѕвездата на Трамп беше оштетена на Патеката на славните. Ѕвездата е поставена во 2007 година поради ТВ емисијата на Трамп „The apprentice“.