Започна новиот ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Секое непочитување е кривично дело казниво со затвор

од Nikola Popovski
244 прегледи

Од вечерва во 22 часот започна полицискиот час на територијата на С. Македонија кој ќе трае до 05 часот исутрина. Владата вчера објави дека оваа мерка ќе трае во следните две недели, по што повторно ќе се разгледува и анализира епидемиолошката состојба.

Согласно законот, за секое непочитување на полицискиот час според Кривичниот законик, е предвидена парична казна или затвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица.

Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Отстапки од забраната ќе има само за граѓаните кои имаат потреба од итна медицинска грижа, но за нивното напуштање на домовите ќе треба да се најават во Министерството за внатрешни работи.  Одлуката за забрана за движење не важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми.  За транспортерите на лица и на стока како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат државата.

Слични содржини