Започна поставувањето на цевки на гасоводот „Северен тек 2“ во водите на Данска

од Stefanija Kuzmanovska

Бродот „Академик Черски“ започна со поставување на цевките на гасоводот „Северен тек 2“ во територијалните води на Данска, се наведува во соопштението на операторот на проектот „Северен тек 2 АГ“.

По успешните морски тестови, бродот „Академик Черски“ започна да работи на поставување цевки во ексклузивната економска зона на Данска, соопшти компанијата, пренесува ТАСС.

Поставувањето на цевките го продолжи и бродот „Фортуна“, кој започна со работите претходно.

„Северни тек 2 АГ“ забележува дека сите операции се вршат во согласност со добиените дозволи.

„Северен тек 2“ предвидува изградба на две гранки на гасоводот со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, кои ќе бидат испорачани од брегот на Русија преку Балтичко Море до Германија.

Гасоводот ќе помине низ територијалните или ексклузивните економски зони на Финска, Шведска и Данска.

Според компанијата, „Северен тек 2“ е 95 проценти завршен.

Слични содржини