Северна и Јужна Кореја започнаа преговори едни со други.

Првиот круг разговори за нормализирање на односите меѓу КНДР и Јужна Кореја веќе започна во заедничката безбедносна зона долж линијата Панџанг-донг.
Непосредно по почетокот претставник на Министерството за обединување на Република Кореја објави дека неговата земја и предложила на Северна Кореја да им обезбеди на поделените од границата семејства да се соберат по повод лунарната нова година (Солана), која се одбележува на 16 февруари и која се совпаѓа со одржувањето на Зимските олимписки игри во Пончан.
Прашањето за обединување е еден од најпознатите емоционални последици од Корејската војна и согласноста од страна на Северна Кореја ќе се смета за голем чекор напред кон затоплувањето на односите меѓу двете Кореи.
Од јужнокорејското министерство открија уште дека за време на разговорите Јужна Кореја одела со барање за спроведување на преговори меѓу претставници на вооружените сили на двете земји. Ова треба да помогне за деескалација на тензиите на Корејскиот полуостров. Република Кореја и предложи на Северна Кореја да оствари разговори меѓу претставниците на вооружените сили на двете земји. Ова го соопшти во вторникот претставник на Министерството на Република Кореја. Во
моментов не е позната реакцијата на Северот.
Во главната тема на разговорите – учеството на севернокорејска делегација на претстојните Зимски олимписки игри, стана јасно дека Северна Кореја е подготвена да испрати делегација на високо ниво, вклучувајќи претставници на Националниот олимписки комитет, спортисти, поддржувачи, уметници, набљудувачи, демонстрационен тим за Таекуондо и новинари.
Потсетуваме дека до средбата во граничното село, каде што примирјето било потпишано по Корејската војна (1950-53). дојде по говорот на Нова Година од страна на севернокорејскиот лидер Ким Чен Ун. Тој рече дека наредил спремност за сите услови потребни за подобрување на односите со Република Кореја и дека е време да ги обединат напорите на корејскиот народ да ја спречат ескалацијата на тензиите на Корејскиот полуостров.
“Не станува збор само за нормализирање на меѓуресорските односи, туку и за помирувањето на нацијата, нејзиното доброволно обединување”, рече Ким.
Средбата меѓу двете завојувани страни и соседи е прва од декември 2015 година а учество ќе земат две делегации од 5 лица. Јужнокорејската ќе биде предводена од министерот за обединување Чо Мон Ѓони, а севернокорејската – од претседателот на Комитетот за мирно обединување на Кореја ри Сон Гуон.