Заработиле казна од 2.000 евра: Скопјани се шетале за време на полицискиот час

од Берта Китинска
324 прегледи

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час определен како мерка за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот.

Надлежен јавен обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да ја одреди на износ од 20 евра во денарска противвредност.​

Слични содржини