Заразата во Тетово не се смирува: Деветмина починати од ковид за 24 часа

од Берта Китинска

Вирусот  во Тетово не се смирува. За 24 часа во Тетово регистрирани се девет нови починати и 18 хоспитализирани лица позитивни на ковид 19.

– Во моментов има 124 хоспитализирани пациенти од кои 18 се нови, како максимум во цела пандемија. Починатите се сите над 65 години, со коморбидитети. Меѓу тие што се на болничко лекување има и помлади пациенти, еден е на 31 година, а вториот е на 47 години.Друг проблем е што имаме ситуации каде има пациенти со ковид, но примарни им се болести на срцето и други органи, за кои ние моравме да се консултираме во Скопје. Затоа вчера имавме транспорт на три пациенти во болницата 8 Септември, изјави д-р Гзим Нуредини од Ковид центарот од Тетово.

Слични содржини