Заштита од коронавирусот: СЗО издаде нови упатства за употребата на заштитните маски

од Nikola Popovski
313 прегледи

СЗО издаде соопштение во кое се вели дека наскоро ќе објават нови упатства за употребтаа на заштитните маски во борбата против коронавирусот.

„Ако треба да се носат маски, тогаш тоа треба да биде сигурно и правилно. СЗО има нови упатства, кои ќе ги објави наскоро во врска со носењето маски, нивното отстранување и фрлање во ѓубре. Истражувањата се доста ограничени во оваа област, но ги охрабруваме земјите што размислуваат да воведат маски за општата популација да ја испитаат нивната ефикасност. Маските не можат да запрат пандемија. Државите сè уште треба да ги бараат, тестираат и изолираат луѓето заразени од коронавирус “, рече Тедрос Аданом, генерален директор на СЗО.