Заштитното куќиште за смартфон се претвора во дрон

од desk2
108 прегледи

 

Компанијата AEE Aviation Technology произведе куќиште за смартфони кој се претвора во дрон.

Куќиштето наречено Selfly ги штити смартфоните од оштетување, но и се претвора во вистински дрон. Тој дрон доаѓа со две батерии, а едно полнење трае четири минути.

Поседува камера со 13 мегапиксели и снима видое со резолуција 1080p при 60 fps. Куќиштето е компатибилно со секој смартфон со гомеина од 4 до 6 инчи

Кога ќе се расклопи станува дрон со кој се управува по пат на WiFi. Дронот е компатибилен со уредите кои користат оперативен систем Android и iOS.

Цената на куќиштето, односно дронот, изнесува 130 долари.