Засилени контролите за палење на стрништа, изречени 34 казни од кои пет барања за прекршочна постапка

од Ивана Рамаданова
341 прегледи

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информираше дека за време на викендот ги зачести контролите на терен, осбено во оние региони каде што има потенцијална опасност од плаење на стрништата на земјоделско земјиште.

Како што соопштија од Генералниот секретаријат на Владата, од ДИЗ ги информирале дека соработката со општините, како и со полициските единици на Министерството за внатрешни работи е добра, особено во Кочани каде оваа појава е најзачестена, со цел запирање на трендот на загадувањето на воздухот, палење на стрништата, палење на шумите и друга вегетација, а контролите на терен да се вршат самоницијативно или тимски со преставници на МВР, Територијална противпожарна единица и Државниот инспекторат за земјоделство секаде онаму каде има земјоделски површини и постои опасност од палење стрништа и друга вегетација.

„Од досегашните спроведени контроли, што се повеќе од 200, изготвени се записници и 34 казни од кои пет барања за прекршична постапка за сторен прекршок спротивно на член 46 став 2, а казниво по член 61 став 3 од Законот за земјоделското земјиште, а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари“, стои во соопштението од Генералниот секретаријат.

Оттаму велат дека ДИЗ ќе продолжат со интензивините контроли на терен, со цел континуирана и посветена борба против аерозагадувањето кое се случува преку палење стрништа и земјоделски површини.

„Засилените контроли се резултат на иницијативата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за зајакнување на инспекцискиот надзор со вклучување на припадници на полицијата“, се наведува во соопштението.

Слични содржини