Засилено присуство на полицијата во Кратово и Кочани поради дојави за попречување на изборниот процес

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Во Кратово и Кочани има засилена полициска контрола бидејќи има дојави за наводно попречување на изборниот процес, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за Сител.

– Полициските службеници мора да реагираат на секоја пријава. Најголемиот дел од овие пријави се лажни и се утврдуваат дека се неточни, но ние како полициски службеници мораме да ги провериме. Едноставно си ја вршиме работата, секогаш кога има пријави од граѓани мора на лице место да се проверат за да се утврди дали станува збор за вистинита или невистинита пријава, и токму затоа е полициското присуство во Кочани и Кратово, рече Ангеловски.