Застрашувачката Франција си поигра со Исланѓаните

од desk2
100 прегледи

Еден од главните фаворити за златото, селекцијата на Франција се наоѓа на чекор до полуфиналето, откако лесно се справи со Исланд и го совлада со 31-22 пред 18.000 гледачи во Келн.

Момците на Динар почнаа моќно, цели 12 минути не примија гол, а со два гола на голманот Жерар поведоа со 0-4. Исландскиот селектор Гудмунсон веднаш повика минута одмор, но наместо реакција, Порт и Никола Карабатиќ погодија за високи 0-6.

 

Иако го „скршија мразот“, Исланѓаните немаа решение за разновидната француска „машинерија“. Погодуваа сите ракометари во сини дресови: Фабрегас, Порт, Гребиј, Мае. Со леснотија светските прваци го добија првиот дел со 11-15.

 

Јонсон и Арнарсон го отворија вториот дел со голови кои го спуштија француското водство до -2. Сепак, светските прваци „нагазија“ и во 38. минута исландскиот стручен штаб побара минута одмор при 14-20. Францускиот голман собра 12 интервенции за 45 минути, Исланѓаните се предадоа на -8 и Франција лесно го приведе натпреварот кон крајот. Конечниот резултат гласеше 31-22 за „галските петли“.

 

Најефикасни поединци во францускиот табор беа Порт и Мелвин Ричардсон со по пет гола, а кај Исланѓаните најпозитивен беше Јонсон со пет погодоци. Утре на третиот ден од главната групна фаза во Келн се играат натпреварите: Бразил – Шпанија и Германија – Хрватска./Gol