За обидите се проговори откако од Турција изразија загриженост дека светот ќе падне во нов глобален конфликт меѓу Русија и САД, ако војната во Сирија продолжи
Рускиот новинар Дмитриј Киселев упати предупредување до САД дека секое едно “бесрамно однесување” поврзано со нуклеарни закани, може да има сериозни последици . Само пред неколку дена и од Турција изразија загриженост дека светот ќе падне во нов глобален конфликт меѓу Русија и САД, ако војната во Сирија продолжи.“Ако оваа прокси војна продолжи, тогаш – нека се појасни, Америка и Русија ќе достигнат до точка на војна “, изјави турскиот вицепремиер Нума Куртулмуш.
Вашингтон и Москва се на двете спротивставени позиции.
Коментарот на Киселев пак доаѓа неколку дена откако државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека Русија и Сирија мора да се соочат и да одговараат за воени злосторства по последните напади врз сириските цивили.
Новинарот потсети на истражувањето што даде одговор на прашањето какви процеси ќе се случуваат во текот на 5 години на Земјата при нуклеарен напад.
Веднаш по нападот на местото ќе загинат стотици илјади луѓе. Пет мегатони саѓи ќе полетаат кон атмосферата. Ова ќе ја “проголта” топлината од сонцето. Дел од честичките ќе се вратат повторно, но во форма на отровен дожд.
Сето ова ќе доведе до намалување на температурите. Озонската обвивка ќе започне да се уништува. Ќе расте помалку култури, што ќе доведе до недостиг на храна, особено во погодените региони. Храната пак ќе е озрачена што ќе придонесе и за здравствени проблеми.
Во историјата две атомски бомби биле разнесено над непријателска земја, како и двете од САД за време на Втората светска војна.
Првата експлодира на 6 август 1945 година над Хирошима и носи називот “детето”. САД пуштаат и втора бомба над Нагасаки со кодирано име “Дебелака”, која е од имплозивен тип и носи плутониум.
Овие две бомби предизвикуваат смртта на околу 200 илјади луѓе, главно цивили, од тешки повреди како резултат на експлозиите, а на долг рок умираат многу повеќе по години, поради преземените големи дози радијација. Употребата на овие оружја доведува до спорот, колку е потребно нивно имање, создавање , а најпосле и користење.