Децата се уште се изнесуваат од основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачара, Србија, каде што дојде до пукање кога ученик (14) пукал во училишниот чувар, кој починал, а најмалку четворица ученици се ранети.
Според учениците, ученикот го вперил пиштолот кон сите кои биле во ходникот, кога настанала општа паника!
Според родителите и учениците кои се наоѓаат пред училиштето, ученикот кој пукал наводно одел на одделението 7-2.
„Слушнав пукање, некои студенти веднаш излегоа во ходникот да видат што се случува. Отпрвин мислев дека нешто се слуша од надвор. Сите почнаа да врескаат, настана општа паника, сите почнаа да трчаат, кога излегов го видов, дојде и впери пиштол во сите нас“, низ солзи раскажува за „Блиц“ еден од шокираните ученици.
Децата се во шок, плачат, а родителите во паника си ги бараат децата.
„Застрела мој другар кој седеше до чуварот, чуварот само лежеше неподвижен“, навела ученичка.
Според репортерот на гореспоменатиот веб портал од местото на настанот, учениците кои се уште се на училиште се изнесуваат во групи. Како што се претпоставува, некои деца се уште се во училиштето.
Ученикот (14) го донел пиштолот на татко му на училиште и започнал крвав напад. Тој е приведен на распит во полициска станица.
Според првичните информации, четворица ученици се пренесени во Итната помош. Мотивот засега е непознат.
Затворени се улиците Краља Милутин и Светозар Марковиќ. Обвинителството и полициски сили се на терен.