Затвор за двајцата штипјани кои брутално тепаа девојка

од Берта Китинска
279 прегледи

На двајцата штипјани кои брутално натепаа девојка, судот им изрече казна затвор од две години и шест месеци. Пресудата е изречена од штипската судијка Јулијана Неткова, откако двајцата насилници ја признаа вината на претходното рочиште.

Правната разрешница на насилството кое се случило во јануари доаѓа откако на социјалните мрежи на 2 април беше објавена снимка од тепањето на девојката, која ја направиле двајцата штипјани кои сега се осудени.

Тие беа гонети за кривично дело „насилство“, а казната за ваквите дела е од шест месеци до пет години затвор.

Девојката беше натепана во влез на зграда во Штип. МВР веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи ги идентификуваше насилниците и ги приведе.

Двајцата осудени штипјани сега имаат право на жалба до повисокиот суд.

Слични содржини