Затворена Ајфеловата кула, објавена причината за ваквата одлука

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Ајфеловата кула денеска е затворена поради штрајк на голем број вработени, објавено е на веб-страницата на познатата париска градба, чиј творец Густав Ајфел починал на денешен ден пред 100 години.

„Поради штрајк на дел од вработените, Ајфеловата кула во моментов е затворена. Се извинуваме за предизвиканата непријатност. Влезот на плоштадот е отворен и бесплатен за посета“, се вели во соопштението на веб-страницата на Ајфеловата кула, пренесува „Танјуг“.

Ајфеловата кула е изградена по налог на француската влада за Светската изложба во 1889 година, дизајнирана од инженерот Ајфел, а откако била изградена и официјално станала највисоката зграда во светот.

Првично беше планирано кулата да биде подигната и демонтирана по 20 години бидејќи на многу Парижани не им се допаднал дизајнот, но сепак Ајфеловата кула стана симбол на француската престолнина со текот на годините.

Слични содржини