Откриена причината за смртта на актерот Дејвид Гејл

од Stefanija Kuzmanovska

Откриена е причината за смртта на актерот Дејвид Гејл, кој почина пред нешто повеќе од еден месец на 59-годишна возраст.

Актерот починал од мозочни и срцеви компликации по предозирање со дрога, потврдила неговата мајка.

Во крвта имал амфетамини, кокаин, етанол и фентанил.

Медицинскиот персонал се обидел да го реанимира, но без успех. Лекарите го ставале на апарати за одржување во живот со денови пред да биде прогласен за мртов на 16 јануари.

Неговото семејство првично сметало дека тој починал од срцев удар.

„Срцето ми се скрши кога дознав дека мојот син умрел на овој начин“, изјавила неговата мајка.

Гејл беше најпознат по улогата во серијата „Општа болница“, а се појави и во познатиот „Беверли Хилс“, каде го глумеше вереникот на Бренда Волш, која ја толкуваше Шенон Доерти, пишува „Дејли мејл“.

Слични содржини