Затворени избирачките места

Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на 3474 избирачки места во земјата можеа да се изјаснат за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на 3474 избирачки места во земјата можеа да се изјаснат за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Изборите ги набљудуваат 1.451 набљудувач – 807 домашни и 644 меѓународни.

Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот на локалните избори до 17:00 часот беше 39,61 отсто. Гласањето, како што посочија од ДИК се одвиваше без проблеми, без никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности.