Милиони автомобили крстосуваат во Македонија секој ден, стотици илјади по градовите, а покрај одморите уште толку на автопатите. Претстои сепак големото враќање, што сигурно ќе биде обележано со нови и нови метежи по градските патни јазли.
Според последните истражувања на Сарајскиот универзитет во Велика Британија, возачите се изложени на голема опасност на патиштата, која воопшто не е поврзана со катастрофите.
Возачите кои висат по метеж со спуштени прозорци или вклучена клима, вдишуваат многу опасен воздух загаден од автомобилите околу нив. Според податоците на англискиот универзитет, ако ја подесите климата да не внесува воздух однадвор, опасноста се намалува со близу 76%.
За време на црвеното светло за возила, сите кои се околу вас, фрлаат еден куп опасни загадувачи во атмосферата. Експертите препорачуваат за време на долго чекање да ги затвориме прозорците и при постоење на систем за ладење да ја подесиме така што ќе го циркулираме воздухот во автомобилот, без да апсорбира нов однадвор.
Истражувачите откриле дека кога прозорците се затворени, но климата пак била вклучена на вообичаениот режим, нечистиот воздух се вперува право во нашите лица. На овој начин 29 опасни гасови влегуваат директно во дишните органи. Малку по малку се труеме, додека слушаме музика и чекаме за зелен бран.
Научниците набљудувале што точно се случува за време на сообраќајниот метеж.
Некои автомобили забрзуваат, други намалуваат, трети висат напразно.
“Емисиите кои автомобилите ги произведуваат во овој момент се најмногу токсични”, велат истражувачите. Од британскиот универзитет ја споредуваат штетата од вдишување гасови со штетата од пушењето.
Според Светската здравствена организација во 2012 година 3,7 милиони луѓе во светот го загубиле својот живот поради валкан воздух, од кои 400 илјади во Европа.
Авторот на студијата, д-р Прашант Кумар, советува да ги затвориме прозорците во метеж и да поставите струење на воздухот.