Затворска казна за полицаецот кој претепа Ром пред Поштата во Битола

од Nikola Popovski

Полицаецот од Битола, кој пред повеќе од година дена истепа тепа Ром пред Поштата во градот, е прогласен за виновен и осуден на една година казна затвор за сторено кривично дело Малтретирање при вршење на служба, објавија од граѓанската асоцијација АВАЈА.

Од таму соопштуваат дека активно дејствувале во текот на целата година со јавно говорење, соопштенија во јавност, протест и целосно следење на случајот.

-Истакнуваме благодарност до Macedonian Young Lawyers Association и до адвокатите Татјана Донеска и Диме Ѓорчевски како и до тим лидерот на АВАЈА од Битола, Ремзи Медик, се вели во соопштението на АВАЈА.

Полицаецот заедно со уште еден негов колега кој бил присутен за време на инцидентот беа суспендирани од работа.

За овој инцидент јавноста дозна, откако на социјалните медиуми вирално се рашири видео снимка на која може да се види како полицијата брутално тепа едно лице на улица.

Тогаш од АВАЈА соопштија дека тројцата Роми со автомобил направиле сообраќајна несреќа и удриле во бетонски ѕид. Во непосредна близина на сообраќајката имало сообраќајна полиција, која дошла на местото на настанот, по што без причина полицајците ги извадиле лицата од автомобилот и започнале брутално да ги тепаат.

Слични содржини