Завршена 10-та симфонија на Бетовен

од Elena Daskalova

Со помош на вештачка интелигенција завршена е 10-та симфонија на Бетовен, а љубителите на класичната музика ќе можат да ја чујат дури во октомври.

Оркестарот Бетовен од Бон планирал да ја изведе во текот на април, на 250-годишнината од раѓањето на композиторот, но ова морало да биде одложено поради актуелната ситуација, објавуваат од Дојче телеком, кои се и покровители на проектот.

Тимот се состои од композиторот и пијанист Роберт Левин и неколку стручњаци за вештачка интелигенција, кои врз основа на назнаките на Бетовен ја довршуваат неговата десетта симфонија, која има два става, кои пак траат меѓу 20-25 минути.

Слични содржини