Со настап на македонската мзуичка звезда Мијата и локални музички групи и диџеи синоќа во Берово заврши Етно плоштад фестивал.

Како дел од фестивалот во изминатите три дена се организираше и традиционалниот саем на производи Малешевијата на дланка.
Заблагодарувајки им се на сите активни учесници и сите присутни кои ги проследија сите концерти во изминатите неколку дена градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, фестивалот го оцени за успешен.
– Фестивалот покажа дека граѓаните сакаат фестивал од ваков формат, фестивал кој преку настапите на локални музички групи и популарни македонски музички имиња ја негува етно културата како и традицијата на беровските производители кои на саемот „Малешевијата на дланка“ имаа што да понудат. На граѓаните и учесниците во саемот „Малешевијата на дланка“, им благодарам што беа активни учесници на фестивалот и што несомнено придонесоа за успешна негова организација, рече Пекевски.
Етно плоштад фестивал за првпат започна да се организира во 2008 година, а ова беше јубилејна 10 година од неговиот почеток. Фестивалот го организираше Општина Берово со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.