Заврши проверката: Лажна е заканата за бомба во училиште во Крива Паланка

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Крива Паланка дека на електронската адреса на училиштето била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Ова е првпат лажна дојава за бомба да биде стигната училишта установа во друг град од земјата, освен Скопје.

Слични содржини