По завршувањето на преговорите во Ријад, дел од руските делегати коментираа како поминал разговорот. Шефот на рускиот државен имотен фонд Кирил Дмитриев даде изјава за руската државна телевизија.
– Започна многу позитивен, конструктивен дијалог. За разлика од администрацијата на Бајден, која никогаш не се обиде да ја слушне руската позиција, ова беше многу јасен обид да се започне дијалог, да се разбере руската позиција и да се разговара за работи за кои се согласуваме, рече Дмитриев.
Тој додава дека има многу работи за кои се согласуваат и дека сега многу подобро се разбираат, бидејќи подобро се запознале.
Главниот советник за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, рече дека тоа е многу сериозна дискусија за сите прашања што тие сакаат да ги допрат.
– Не е лошо, не е лошо… Тешко е да се каже дали Русија и САД се приближуваат, но за тоа разговаравме. Се договоривме да ги земеме предвид заедничките интереси и да ги развиваме билатералните односи, бидејќи и Москва и Вашингтон се заинтересирани за тоа, додаде Ушаков за руската телевизија.
Тој вели дека се договориле дека „специјален тим од преговарачи ќе стапи во контакт во соодветно време“.