Завршува ли еврокризата – шест земји, шест проблеми, шест стратегии?

од desk2

Дојче веле – Бон

Ситуацијата во земјите во криза е различна. Завршува ли еврокризата? Некои земји веќе имаат подобра судбина, но други не. Сепак, Грција, а исто и Италија, будат најголема вознемиреност.

На насловните страни се почесто читаме „Закани за нова еврокриза“ (во весникот Ханделсблад), или „Инвеститорите се вознемирени од ново распалување на еврокризата“ (Франкфуртер алгемајне цајтунг). Но колку е возможно такво разгорување на должничката криза во Европа?

Еден бегол поглед кон земјите од европскиот југ открива дека многу нешта се подобриле. Но во земји како Грција сеуште не се решени сите отворени прашања. Истовремено, најголемите проблеми всушност се во италијанската економија, чие спасување би можело да ги надмине можностите на европските партнери. Но, ајде да ги разгледаме една по една земјите во криза.

Грција – седум години криза

Се потешко можеме да си ја замислиме Грција без криза. Скоро седум години земјата има потреба од финансиска помош од од европеските партнери.

Што всушност треба да се направи? Одговорот разединува некои европски кредитори и ММФ. Факт е дека нула економски раст и повисока невработеност во рамките на еврозоната водат до заклучокот дека досегашните рецепти не даваат резултати. А тој факт се поврзува и со нерамномерното распределување на товарите. Сето тоа се случува во момент кога пензиите значително се намалени, тешко се отвараат нови бизниси, и се натоваруваат со даноци економски немоќните или приватизациите. Единствената позитивна новина е е дека Грција се до летото не е исправена пред непосреден финансиски проблем.

Италија – оправдан неспокој

Италија се наоѓа насред банкарска криза. Проблематичната банка Монте деи Паски ди Сиена (БМПС) е во процес на спасување од страна на државата со многу милијарди евра. Банката Уникредит објави дека е во дефицит од 12 милијарди евра. Паралелно со тоа, анемичните темпа на економски раст се во однос 0,9 отсто и покрај ниските каматни стаки и ниската цена на нафтата. Суштинска улога има и политичката несигурност. Никој не знае дали земјата на крајот ќе биде доведена пред предвремени избори и дали владата ќе го истера до крај мандатот до 2018 година.

Шпанија – ликувањето би било предвремено

Скоро една година земјата нема влада. Беа неопходни два избори додека премиерската должност не ја презема конзервативецот Мариано Рахој. Шпанците успеаја да ја надминат владината криза без особени проблеми, заради позитивното темпо на економски раст. Како значајно се сметаат и приходите од туризмот за справување со кризата, затоа што многу странци ја избраа Шпанија по терористичките напади во Северна Африка и Турција. Но проблемот со невработеноста останува и покрај неговото бавно, но стабилно подобрување. За жал, повеќето нови работни договори се краткорочни.

Португалија – дали настапува крај на економската криза?

Левичарската малцинска влада стави крај на економските мерки од последниве години. Премиерот Антониот Кошта ги сопре економските мерки водени од неговите претходници, конзервативците, ја зголеми минималната плата, го намали работното време на државните службеници и заедно покрај сето тоа го намали ДДВ-то во рестораните, за да даде поттик на потрошувачката и да создаде работни места. Но резултатите од таквата полтика се всушност умерени. Во 2016 година, економијата порасна за 1,6 проценти, невработеноста падна до 10,9 проценти. Но португалците повторно се надеваат, додека популарноста на Кошта расте.

Ирска – таа веќе е исправена на нозе

Ирска се смета за пример за надминување на криза. Темпото на раст во 2016 достигна до четири проценти. Кризата која беше предизвикана од шоковите во секторото на недвижности во 2008-2009 година, и ги потона банките и државата, веќе изгледа дека исчезнала на основа на фпечатливиот економски раст на земјата во последниве години.

Кипар – дали е пример кој треба да се искористи?

Три години беа неопходни овој средоземен остров за да излезе од програмата за финансиска помош пред околу една година. Банкарскиот сектор беше тој кој го одведе Кипар во најголемата економска криза од поновата историја на земјата. Во текот на тој период, процентот на кипарците кои немаа пари за елементарни потреби, за кредити и загревање, скокна од девет на 15 отсто. Тоа беше највисокиот процент по Грција.А како што неодамна предупреди Европската комисија, големото задолжување останува проблем, како за домаќинствата, така и за државата.

Слични содржини