Завршува необичната изборна кампања на Вучиќ: Граѓаните ја оценија „како повисоко ниво на лудило“ (видео)

од Nikola Popovski
364 прегледи

Во недела, во Србија се одржуваат нови парламентарни избори, кои сосема се разликуваат од претходните, поради корона-кризата. Партијата „Српска напредна странка(СНС)“, на чело со актуелниот претседател на земјата, Александар Вучиќ водеше изборна кампања преку Интернет, која корисниците на социјалните медиуми ја оценија како високо ниво на лудило.

Претседателот на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, ја започна предизборната кампања под мотото „За нашите деца“, велејќи дека Србија е најуспешна во привлекувањето на странски инвестиции во Југоисточна Европа и дека според „Фајненшл тајмс“ тие се „најуспешните во светот“.

Граѓаните и корисниците на социјалните мрежи често ги критикуваа бизарните изјави и пофалби на Вучиќ, нарекувајќи ги „повисоко ниво на лудило“, како и дека најчесто ова ги потсетува  на научно-фантастична дистопија, но со вистински последици.

Во друго видео, партијата на Вучиќ, прикажува што може да му се случи на еден човек доколку одлучи да не гласа на претстојните парламентарни избори во Србија.

Преку видео со просечно српско семејство, Српската напредна партија ја прикажува направената инфраструктура во земјата преку изграден нов автопат меѓу Србија и Грција.

Во нивната кампања не изостана и податокот за наводната намалена невработеност во годините додека се тие на власт во земјата.

Како „врв на лудилото“ е видеото со роботот Ема. Александар Вучиќ при посета на изложбениот простор на Центарот за роботика и вештачка интелигенција на Универзитетот во Белград имаше чуден разговор со роботот, кој смета дека „Србија има светла иднина пред себе“.

Политичкиот аналитичар Бобан Стојановиќ смета дека партијата на Вучиќ свесно правеле вакви видеа, како што било и видеото со шестгодишното девојче кое подоцна е забрането, со цел РЕМ(Регулаторното тело за електронски медиуми) и Агенцијата за спречување корупција да реагираат.

„Тие го прават тоа намерно за да може РЕМ и Агенцијата да ги казнат, да воведат мерки, така што утре по весниците и медиумите, СНС би биле претставени како некој што е неправедно казнет“, заклучува Стојановиќ.

Експертот за политички маркетинг, Цвјетин Миливојевиќ изјавил дека многу работи се спорни во кампањата СНС, почнувајќи од името на листата во која не се споменува името на партијата, ниту е јасно за која коалиција станува збор.

Тој вели дека првото изборно видео, во кое претседателот на државата се појавува со шестгодишно девојче, е намерно направено за да биде забрането.