Здрав човек отишол во преполн бар, не стравувал од корона: Седум дена подоцна лекарите се бореле за неговиот живот

од Aleksandar Petrovski

За Џими Флорес (30) вирусот корона не претставувал опасност. Затоа, тој отишол целосно опуштено во преполниот бар во Скотсдејл. Два дена подоцна, се разбудил со температура од 39 и ужасни болки во телото, пишува Си-Ен-Ен.

– Бевме на чекор од целосно отворање. Не се грижев за короната да бидам искрен – го започчнува својот исповед Џими.

Сепак, седум дена по фаталното излегување, тој завршил во болницата и морал на респиратор. За седум дена, лекарите се бореле да го стабилизираат.

– Таа ноќ бев во бар со пријателите. Уживавме … Живеевме – вели малку покајнички младиот човек и додава дека во барот имало помеѓу 300 и 500 луѓе.

Само два дена подоцна, започнале првите симптоми. Неговата температура скокнала и се чувствувал лошо.

– Знаев дека нешто не е во ред. Бев тестиран, по неколку дена пристигна позитивен резултат. Следниот ден не можев да дишам, се плашев за мојот живот – објаснува Џими.

Вели дека до тогаш водел здрав живот. Дека одел редовно во теретана и дека никогаш немал здравствени проблеми.

– Не можев ни да сонувам дека ќе имам толку тешка клиничка слика. Кога требаше да одам во болница, јавно објавив што се случува со мене, затоа што сакав сите да знаат каква грешка сум направил – објаснува Флорес.

Аризона е една од најтешко погодените од вирусот на корона во вториот бран. До 19 јуни имаа регистрирани околу 46.000 случаи, сега тој број надмина 84.000.

Слични содржини