Здравствените власти анализираат: Дали бројките се доволни КЗБ да препорача нови рестрикции?

од Берта Китинска
371 прегледи

Со цел спречување на ширење на вирусот  можни се нови рестрикции.

Комисијата за заразни болести за нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот денеска.

Здравствените власти веруваат дека мерките кои се на сила, воведени пред извесно време ќе почнат да даваат резултати.

-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, изјави министерот Филипче во четвртокот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47050, бројката на оздравени пациенти е 27364, на починати е 1305, а бројот на активни случаи изнесува 18381.

Слични содржини