Зејн Малик повеќе не ја крие романсата со најпопуларната пејачка во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Популарниот пејач Зејн Малик е виден како ужива во кафуле со Селена Гомез, а секако се заврши на Тик Ток со брзина на светлината.

Девојката која работела во тој локал ги снимала, а се чинело како да не сакале да се сокријат. Тие излегле како и секој друг пар и се однесувале сосема лежерно, а многумина ги интересираше што ќе каже на ова Џиџи Хадид, поранешната девојка на Зејн.

Добро упатен извор за странските медиуми открил што мисли Џиџи за сето ова.

„Џиџи нема проблеми со тоа Зејн да најде нова девојка“, објаснува извор близок до манекенката.

„Се додека тој е среќен и стабилен и продолжува да биде добар со нивната ќерка Каи, не ѝ е грижа со кого излегува“, додава тој.

Слични содржини