Зечевиќ планира да се кандидира за лидер на СДСМ: Јас бев булдожерот на партијата

од Nikola Popovski

Клучно прашање е дали евентуално мојата кандидатура ќе придонесе за зајакнување на единството во СДСМ или дополнително ќе ги влоши лошите услови, во кои се наоѓаме, вели поранешниот советник на Заев и поранешен директор на УБК, Миле Зечевиќ во емисијата „24 анализа“.

Тој остава простор до петок да поднесе кандидатура, кажувајќи „дека има време и дека ги прави последните анализи“.

-Клучен момент што ќе пресече е да го почувствува импулсот на членството во овој момент. Единствено тоа ми е битно и битно ми е останувањето на Заев во Владата како премиер, вели Зечевиќ.

Во однос на рокот за поднесување кандидатури, членот на СДСМ смета дека е малку време за промовирање и објаснување на визиите на кандидатите.

-Краток е периодот. Тоа е дамка. Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години, информира Зечевиќ.

Во текот на денешниот ден, кандидатури за лидер на СДСМ поднесоа поранешната министерка и пратеничка Фросина Ременски и актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски.

Слични содржини