Откако ќе пристигне иницијативата на ВМРО до собранието во која се бара да се завземе став како бугарското собрание кога ја носеше декларцијата за да се потврди македонскиот индетитет, ние ќе дебаатираме по истата , изјави Мухамед Зекири од СДСМ во емисијата 24 анализа.

-СДСМ нема да дозволи да биде оспорен индетитетот и нашата држава во преговорите со соседна Бугарија. Знаеме дека со договорот со Грција ние ништо не изгубивме туку добивме нашата земја е членка на НАТО, сега имаме нова ситуација со Бугарија, тие се пред избори и ја користат Македонија за да си билдаат рејтинг . Во преговорите ќе изнајдеме решение во кое и двете страни нема да се чувствуваат оштетени. СДСМ нема да дозволи да биде оспоруван индетитетот. Ние со разумна политика може да се договориме со соседите , вели Зекири.