Зекири за „Локално“: ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски тешко дека некогаш ќе дочека да има мнозинство

од Nikola Popovski
699 прегледи

СДСМ постојано се менува, не само што ги донесе големите промени во земјава и ја придвижи кон евро интеграциите очиггледни се промените и во секојдневниот живот во земјава вклучувајки ја и најголемата придобивка СЛОБОДАТА која ја донесе во секоја пора во нашето општество, вели генералниот секретар на Владата и поранешен потпретседател на владејачката партија, Мухамед Зекири во разговор за „Локално“. Самата партија, вели тој во овие 4 години има направени и многу кадровски освежувања што не е својствено за останатите партии кај нас.

За снимките кои излегоа во јавноста, во кои се слуша гласот на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска како изразува незадоволство од одредени и политики и во однос на тоа дали СДСМ е поделен, Зекири вели дека во партијата „има и единство има и различни ставови на членството, вклучувајки го и раководството на партијата“.

– И тоа е здраво за една партија, смета поранешниот новинар.

Во однос на најавите на Мицкоски дека работи на ново парламентарно мнозинство и дека опфатени се и пратеници од СДСМ, истакна дека на Мицкоски уште долго време ќе му треба за мнозинство, односно дека „ВМРО-ДПМНЕ на чело со него тешко дека некогаш ќе дочека да има мнозинство“.

– Нашето мнозинство е стабилно и тоа само може да расте во иднина, сигурен е Зекири.

Не очекуваат локални избори оваа есен, какви се вашите очекувања? ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да се одржат заедно со парламентарните поради, според нив, низата афери. Разговарано ли е за ваква опција?

На прашањето на можноста за предвремени парламентарни избори и можноста да се одржат заедно со локланите, што е постојано барање на опозицијата во изминатиов период, посочува дека може да се одржат заедно, „ако ги одложиме локалните и тие се одржат заедно со редовните парламентарни избори во 2024 година“.

Иако БЕСА ќе настапи сама на претстојните избори, а ЛДП, ДОМ и ДС ќе настапат заеднички на локалните избори, Генсекот смета дека СДСМ апсолутно не го губи коалицискиот потенцијал.

– Локалните не се парламентарни така да ова е шанса и помалите коалициски партнери да си ја пробаат среќата и тоа е легитимно, вели Зекири.

За барањата за амнестија на осудените за случувањата во Собранието и тргнувањето на ознаката „терористи“ во нивната пресуда и дали е можно ново „фер судење“ или „ревизија“, како што бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тој е дециден дека тоа е работа на правосудните органи.

– Мојот личен став е дека осудените заедно со нарачателите на упадот во Собранието на 27 април се терористи. Искрено не само што се надевам туку сум убеден дека нема да има ново судење, а и да има делото кое што го направиле не можат да докажат дека не го направиле, оти тоа што се случи на 27 април го виде не само домашната јавност туку целиот свет, изјави тој.

На прашањето за претстојната дигитализација на учебниците, прашање поради кое дел од родителите излегоа на улица, а ВМРО-ДПМНЕ изрази поддршка, Зекири смета дека опозицијата и на оваа тема е контрадикторна и не знае во суштина зошто протестира.

– И самите они во нивната предизборна програма предвидуваа дигитилизација на учебници, а сега се спротивставуваат. На тие што се против, очигледно им е потребно малку повеќе време да ги сфатат придобивките од оваа реформа, истакна Генералниот секретар на Владата на РСМ.

На прашање за ковид-кризата и како здравствените власти си ја завршија работата и покрај големиот број на жртви на 100 илјади луѓе и доцнењето на вакцините, Зекири посочи дека здравствените работници се наголемите хероии во битката со пандемијата.

– Здравствените власти дадоа и се уште даваат се од себе во борбата против ова зло. Нашата земја не заборавајте беше посочена за една од ретките земји која од почетокот на пандемијата најтранспаретни ги објавуваше бројките на заболени и починати пациенти, сигурен е тој.

Во однос на ударот кој економијата го доби поради мерките за заклучување, на мислење е дека да не беа економските мерки и помошта која што оваа Влада ги даде за граѓаните и бизнисите во земјава, денеска не би збореле за овој број на луѓе кој како последица на пандемијата ги изгубија своите работни места.

– 100-на милиони евра се поделени директно на ранливите категории граѓани и бизниси и тие најдобро можат посочат колку тоа помогнало на нив во ова тешко време, вели Зекири.

Н.П.

Слични содржини