„Зелена Револуција“ го поздравува чекорот на Владата за прифаќање 7 првични барања

од Ивана Рамаданова
287 прегледи

Вкупно 30 рганизации од #ЗеленФронт #ЗеленаРеволуција го поздравуваат чекорот на Владата за прифаќање на 7 првични барања кои беа доставени до нив, се вели во соопштението на иницијативата.

“Во исто време, потсетуваме дека се сложивме за средба со Владата САМО доколку тие 7 првични барања бидат во целост исполнети. На тој начин ќе се покаже вистинска волја за почеток на взаемно решавање на овој проблем. Будно ќе ја следиме реализацијата на барањата, и очекуваме нивно целосно исполнување во најбрз можен рок“, се додава во соопштението.

Инаку од Владата информираа дека со внимание ги прифатиле и разгледале барањата кои ги поставија организаторите на „Марш за чист воздух“ како услов за одржување на средба и ја подготви оваа информација која ги опфаќа сите наведени точки.

Слични содржини