149
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во своето последно видео обраќање рече дека не завршил со смената на високи функционери и дека секој кој не работи според строгите стандарди ќе биде отпуштен.
Минатата недела Зеленски одговори на извештаите за корупција, 11 месеци по почетокот на војната, со отпуштање на повеќе од десетина службеници, пренесува „Ројтерс“.
Во таа прилика вети дека нема да има толеранција за незаконско однесување или лошо управување.