Зеленски: Ќе сторам сé за да го вратам Крим

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател во понеделникот вети дека ќе стори сé за да го врати полуостровот Крим, кој беше припоен кон Русија пред седум години, и ги повика меѓународните сојузници да ги поддржат овие напори.

Претседателот Владимир Зеленски зборуваше на самитот на Кримската платформа, кој Украина го организираше за да го зголеми притисокот врз Русија поради анексијата во 2014 година, што поголемиот дел од светот ја прогласи за нелегална. Поради тоа, односите меѓу Русија и Западот се на многу лошо ниво, што не е случај од Студената војна, пишува АП.

Во воведниот говор, Зеленски вети дека „ќе стори сé за да го врати Крим“, така што полуостровот, заедно со Украина, ќе стане дел од Европа“.

– За тоа ќе ги искористиме сите можни политички, правни и, пред се, дипломатски средства – рече Зеленски и додаде дека на Киев му треба „ефективна поддршка на меѓународно ниво“.

На самитот присуствуваа високи претставници од 46 земји и блокови, вклучувајќи ги САД, ЕУ и Турција.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков го осуди самитот како „антируски настан“.

Зеленски ја обвини Русија дека го претвори Крим во „воена база“ и „упориште за Русија да го зголеми своето влијание во регионот на Црното Море“. Тој рече дека Москва тројно го зголемила своето воено присуство на Крим.

Во април, Русија го зголеми бројот на војници во близина на нејзините граници со Украина, вклучувајќи го и Крим, што предизвика гнев кај меѓународната заедница.

На самитот беа претставени сите 30 земји -членки на НАТО, меѓу кои и Македонија.

– Окупацијата на Крим ја доведува во прашање ефикасноста на целиот меѓународен безбедносен систем – рече украинскиот претседател.

Тој нагласи дека без доверба во меѓународниот безбедносен систем, ниту една држава не може да биде сигурна дека нема да стане следна жртва на окупација.

Слични содржини