Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев е подготвен да го прифати мировниот договор презентиран од Соединетите Американски Држави и е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за чувствителните точки од планот.
Зборувајќи преку видео повик на состанокот на „коалицијата на волните“, тој рече дека преговорите за американскиот план треба да ги вклучат и европските сојузници, објави Ројтерс.
Зеленски ги повика европските лидери да се договорат за рамка за распоредување на мировници во Украина, како и да продолжат да го поддржуваат Киев сè додека Москва не покаже подготвеност да ја заврши војната.