Зеленски нареди да се зајакнат позициите на границата со Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им нареди на највисоките воени команданти да го зајакнат северниот украински воен сектор.

Тој го направи тоа по доаѓањето на Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група „Вагнер“ во Белорусија, која граничи со Украина на север.

Тој изјави дека владини и воени претставници биле информирани за извештајот на украинските разузнавачки и безбедносни сили за ситуацијата во Белорусија, пренесува „Ројтерс“.

Пригожин, по неуспешниот бунт на „Вагнер“ минатиот викенд, отиде во Белорусија по договор со тамошниот претседател Александар Лукашенко.

Слични содржини